Сопственикот на кошаркарскиот НБА-лигаша Далас Маверикс, Марк Кјубан, изјави дека лидерот на тимот, Лука Дончиќ, се опоравил од повредата на раката, додека трае прекинот на сезоната поради коронавирусот.
– Нема да лажам, Лука имаше проблеми со раката. Сега тоа е надминато. Тој е подготвен да се врати на теренот, изјави Кубан.
Во февруари, за време на натпреварот со Сан Антонио спарс, словенечкиот кошаркар го повреди левиот палец.