ФК Силекс останува доследен на ставот – УО на ФФМ нема право да го менува системот на натпреварување. Промената на системот на натпреварување во ПМФЛ подлежи на правни прописи и затоа секое негово менување е незаконско се вели полномошен застапник – адвокат на ФК Силекс, Никола Додевски, кој нагласува дека и денешната одлука на УО на федерацијата е бесправна.
И покрај предупредувањето кој прволигашот од Кратово го упати до членовите на УО, дека секоја одлука за играње по нов систем на натпревари носи кривична одговорност бидејќи, денеска ОУ на ФФМ реши сепак да ја верификува одлуката за продолжување на прволигашкиот фудбал, иако првично за тоа се изјаснија само пет клуба.
Воедно како што информираат од ФФМ, Управниот Одбор при донесувањето на одлуката за промена на системот на натпреварување го имаше во предвид Член 176 од Статутот на ФФМ во кој стои – „Во случај на виша сила и прашања кој не се регулирани со Статутот на ФФМ, надлежност за одлучување има Управниот одбор на ФФМ, кој при одлучување ќе ги земе во предвид правилата на ФИФА и УЕФА, позитивните законски прописи и начелото на право и праведност“
Додека во членот 16 од Правилникот за натпреварување во кој стои – „Во случај Собранието да не може да се состане поради вонредни или оправдани околности, а причината за промена на системот е неопходна, Управниот одбор на ФФМ со 2/3 мнозинство има овластување да постапи и одлучува за промена на системот“.
При донесувањето на одлуката за промена на системот на натпреварување во Прва лига, Управниот одбор ги следел и упатствата на УЕФА преку дописот од Европската фудбалска Асоцијација доставен до Националните асоцијации, членки на УЕФА.
Сепак, на ваквите денешни одлуки на УО на ФФМ очекувано реагираше правниот застапник на ФК Силекс, Никола Додевски прашува, ако ФФМ може да се повика на одлука дека нема услови за свикување на Собрание, а истовремено да донесе одлука за одржување на Собранието.
Инаку УО на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание да се одржи на 20 или 27 јуни 2020 година во Скопје.
Од останатите денешни одлуки, покрај потврдувањето на календарот и системот на натпреварување ја издвојуваме и одлуката екипите на Пелистер и Брегалница како првопласирани во второлигашката конкуренција да бидат промовирани во прволигаши за следната натпреварувачка сезона.