Автомобил “БМВ” со бугарски ознаки попладнево се забил во жардиниера на пешачки остров во Аеродром.
Сообраќајката се случила околу 15 часот на крстосницата од булеварот Јане Сандански со улицата 23 Октомври. Според очевидци, на автомобилот му излетал велосипедист па да го избегне се качил на островот.
Други, пак, велат дека на автомобилот му се блокирало тркалото па излетал.
Од МВР велат дека нема повредени, но немаат детали како се случила незгодата.