Израел повторно би можел да воведе рестриктивни мерки бидејќи е пораснат бројот на заразени со коронавирусот, особено во училиштата, соопшти израелското Министерство за здравство.
Вчера биле регистрирани 101 случај на новозаразени, а минатата сабота само четири.
Генералниот директор во Министерството за здравство Моше Бар-Симан-Тов изјави дека некои луѓе не биле доволно внимателни во врска со физичкото растојание, хигиената и носењето заштитни маски.