Вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) е заразен од корона вирус, потврди за „Фокус“, директорката Иринка Сотирова Бухова.
Според нашите информации, станува збор за лице кои е административен работник и истото е ставено во самоизолација, а се испитуваат и другите негови контакти.