Во САД деновиве гневни толпи се судираат со полицијaта и разграбуваат разни бизниси поради полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд. Меѓу ограбените продавници се и оние на „Епл”.
Американските медиуми јавуваат дека биле ограбени неколку вакви продавници на мобилните телефони Ајфон. Крадците изнеле огромен број на Ајфони, но не требаше многу за компанијата „Епл” да одговори на беззаконието.
По социјалните мрежи се појавија фотографии дека украдените телефони автоматски се блокирани и на нив се појавуваат соопштенија да бидат вратени.
Компанијата моли да се вратат незаконски добиените телефони во продавницата и предупредува дека ќе го лоцира местото на телефонот со пренос на информација до властите.
„Епл” веќе неколку години поседува одлична заштита од крадци. При кражба на мобилен телефон од продавницата, гаџетот автоматски се блокира и станува бескорисно „железо”.