Д-р Жан Митрев гостуваше во „Само Вистина“ на Канал 5 каде истакна дека луѓето не баш сериозно ја сфаќаат заразата со Ковид-19.
-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири. Како болница Филип Втори ние продолживме со работа со сите мерки, засега останавме чиста болница, немаме заразени со Ковид-19. Сите позитивни кои ги примаме ги оперираме под сите мерки за изолација, истакна Митрев.
Тој рече дека кардиоваскуларните болести се број 1 кај нас, а најголем дел од пациентите се имунодефицитни, и воглавно имаат и други болести како дијабетис, хипертензија.
-Во овој месец се случиле и убави работи, како успешната трансплатација на срце каде што тој беше дел од тимот, се направи една добра екипа, од јавно и приватно здравство, добро е што пациентот се опоравува, се грижиме за негово што побрзо заздравување. И малата Бисера која беше кај нас успеавме да ја вратиме назад од тешка ситуација, се справивме со сите инфекции кои ги имаше рече Д-р Митрев.
-Денеска имавме голема навала за тестирање за Ковид-19, за жал се потврди мојата претпоставка дека дури кога ќе се заврши со карантин мерките со тоа опуштање и не толку сфаќање сериозно на состојбата ќе допринесе до повторно враќање на вирусот. Направивме пакет за еден збирен пакет се плаќа еден тест а се тестираат 5 луѓе, ако е позитивен треба посебно да се тестира, ако е негативен не треба повторно да се тестира. Дневно правиме меѓу 150 и 200 теста истакна Жан Митрев.