Даниела Маркоска од СДСМ од денес е во самоизолација по работниот состанок во Куманово. Откако директорката на УЈП, Сања Лукаревска обелодени дека е позитивна на корона тестот, Маркоска реши да се повлече во самоизолација.
Поради заедничкото присуство на работен состанок во Куманово со Сања Лукаревска, која за жал е позитивна на коронавирусот, заради превенција денеска решив денот да го поминам во самоизолација.
Иако на состанокот бев со максимална заштита почитувајќи ги сите протоколи, веќе во утрешниот ден ќе направам тестирање за присуство на коронавирус, по што ќе ги чекам одлуките од надлежните здравствени институции и истите ќе ги испочитувам во целост.
На мојата другарка Сања и посакувам брзо и лесно закрепнување и истовремено апелирам до сите целосно да ги почитуваме мерките за носење заштитна опрема и држење дистанца. Само така ќе се заштитиме себеси, ќе ги заштитиме нашите најблиски и ќе го зачуваме јавното здравје.- напиша Маркоска.