Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу за Телма вели дека вчера имал контакт со лице кое подоцна се дознало дека истото било позитивно на коронавирус. Денеска му бил земен брис, а во текот на утрешниот ден ќе се знае и резултатот од тестирањето.
Ганиу вели дека од една општина во која имало само 2-3 заразени лица на коронавирус, сега бројот на заразени рапидно е пораснат.
„Ние цело време преземавме мерки, но како локална власт ние долго се бориме со тоа. Ние немаме контрола со институциите кои одржуваат јавен ред и мир, ние не ги менаџираме нив исто како и здравствените организации. Тоа што беше под наша надлежност го направивме“, рече Ганиу.
Градоначалникот додава дека на почеток во општината се почитувале мерките, но тоа сега не е така поради тоа што секој зборува за вирусот.