Манчестер јунајтед ќе тргне по Стерлин ако остане на сила казната од УЕФА за градскиот ривал Сити

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед може да се обиде да ја ангажира sвездата од редовите на градскиот ривал Сити, Рахим Стирлинг, доколку „граѓаните” не ја намалат или да ја поништат казната изречена од УЕФА, тврди „Индипендент”.

Жалбата на Сити ќе се разгледува следната недела, но доколку остане двегодишната казна за не учество во Лигата на шампионите, се очекува да заминат некои од најважните играчи на Пеп Гвардиола. Рахим Стирлинг и Кевин Де Бруин се меѓу оние за кои се вели дека имаат таква намера.

„Индипендент” смета дека доколку Стирлинг е на располагање, Јунајтед ќе се обиде да го привлече, иако поранешниот играч на Ливерпул поверојатно ќе преземе во насока Реал Мадрид.

Арбитражниот спортски суд ќе започне со сослушувањето по жалбата на Сити во понеделник, а КАС ќе донесе одлука за случајот во рок од три дена.

Треба да знаете
Последни објави