Директорот на штипска болница вели 14 заболени, а МЗ во соопштение пишува 1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип Иван Јорданов преку статус на Фејсбук прашува зошто граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозаболени?

-❓ЗОШТО граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозаболени?
‼️ Во интерес на јавното здравје должни сме да ги информираме граѓаните за следново:
🚨 Во денешна контактна емисија за регионален медиум, директорот на Клиничката болница Штип, потврди дека денес во Штип се евидентирани 14 новозаболени пациенти.
Неколку часа подоцна, на официјалната страна на Министерство за Здравство е објавен податок од само еден новозаболен во последните 24 часа.
🚨 До нас стигаат информации дека во градот се појавени повеќе кластери на заразени со корона вирус. Бројката на заразени на дневна основа веќе брои над десетици лица и истата континуирано расте. Бидејќи властите се неодговорни кон јавното здравје ги прашуваме.
❓Зошто упорно ја сокриваат реалната слика за состојбата во град Штип играјќи си со здравјето на граѓаните ?
❓ Зошто власта води политичка кампања во услови на висок здравствен ризик за граѓаните?, прашува Јорданов.

https://www.facebook.com/ivan.jordanov.73/posts/10220124864983699

Треба да знаете
Последни објави