Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го покани својот американски колега Марк Еспер да присуствува на воената парада во Москва на 24 јуни во чест на победата над нацистичка Германија, јави ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин на 26 мај во разговор со министерот Шојгу рече дека воената парада ќе се одржи на 24 јуни и појасни дека го одбрал тој датум затоа што на 24 јуни 1945 година на Црвениот плоштад била одржана „легендарна воена парада во чест на оние кои ги одбраниле Москва, Ленинград и Сталинград, ја ослободиле Европа и упаднале во нацистичкиот Берлин”.
Според најавата од руското Министерство за одбрана, парадата на 24 јуни, на која ќе учествуваат 14.000 руски војници, ќе трае околу 90 минути.