Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина… Дали сега на ред е Македонија да стане мека на балканскита елитна проституција, прашање кое останува отворено по апсењето на српсикте старлети меѓу кои беше и Тијана Ајфон. Дали елитната проституција станува пропратен начин на заработка на познатите пеачки, манекенки и водителки во земјава, но и во соседството?
24 инфо се обиде да одговори на неколку прашања кои во услови на пандемија, кога пропаѓаат и се затвараат бизниси кои добро работеле, како опстојува проституцијата во земјава. Податоците до кои дојдовме се фрапантни. На социјалните мрежи има затворени групи на мажи кои меѓусебно разменуваат броеви на девојки, најчесто студентки од внатрешноста кои даваат сексуални услуги. Се јавивме на еден од броевите кои беше јавно споделен во групата, но одговор не добивме.
Некаде околу 17 часот на вибер добивме прашање од каде ни е бројот и зошто се јавуваме. Откако се претставивме како заинтересирани муштерии кои бројот го добиле од пријател, разговорот тргна…Девојката е медицинска сестра која студира на приватен факултет и сега за време на пандемија работи само со познати муштерии за кои е сигурна дека не се заразени. Работи со маска и бидејќи не не познава се договоривме за средба после пандемијата. Тарифата е 3.000 денари за еден час, во мотели или станови за „таа работа“. Кога ја прашавме зошто не работи како медицинска сестра ни рече „Ќе спијам со пет мажи на вечер, не работам како медицинска сестра“.
Ако пребарате на интернет не е тешко да се дојде до страници за запознавање. Во огласите многу лесно се доаѓа до партнер. Без разлика дали е за една вечер или за цел живот. Добро упатени извори велат дека ланецот на проституцијата одлично функционира по луксузните клубови и хотели низ Скопје. Во последно време девојките патуваат низ цел Балкан. Сега има застој поради пандемијата, но познати старлети често можат да се видат во скопските хотели. Дел од старлетите се толку популарни на социјалните мрежи што рекламираат познати брендови на облека, обувки, но и парфеми, производи за нега. Ги следат илјадници девојчиња на различна возраст кои сонуваат да живеат како старлетите. Дали ова е и начин за регрутирање на младите полека да влезат во овој бизнис?.
Јавна тајна е дека елитната проституција е развиена и во нашето Скопје. Многу девојки прифаќаат да бидат т.н. „придружнички“ на одредени бизнисмени, политичари и видни фаци од градот, да им пружат задоволства, па макар и сексуални услуги. Кружат цени од 300-500 евра, но и девојки кои за 100-200 евра ви нудат целосно задоволство. Како и белграѓанките, така и скопјанките се обидуваат да се држат до високото друштво и да се покажат во најдобро светло за да ги препорачуваат на нивните богати пријателчиња.
Во Министерството за труд и социјала велат дека во последниве години евидентен е помал број на идентификувани жртви на трговија со луѓе. Во текот на 2019 година идентификувани се 6 жртви на трговија со луѓе,a oд jануари до јуни 2020 година идентификувани се 3 жртви на трговија со луѓе. Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе е релативо константен со многу мали осцилации. Тие се од различен социјален статус, при што доминантно е средното образование или имаат прекин во образованието. Најчеста возраст на идентификуваните жртви на трговија со луѓе е меѓу 14 и 17 години.
Во согласност со Законот за социјална заштита, од февруари 2011 година Министерството за труд и социјална политика го стави во функција Центарот за лица –жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство, како составна единица на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје. Законската регулатива овозможува во овој Центар да се сместуваат жртвите на трговија со луѓе, домашни државјани и странци кои имаат добиено дозвола за привремен престој.
-Услугата помош и поддршката во центарот, жртвите ја добиваат од Здружението „Отворена порта“. Министерството за труд и социјална политика ги финансира режиските трошоци и за прв пат во 2019 година ја финансира и услугата во Центрот за лица жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство во износ од 1,200,000 денари, врз основа на договор со здружението „Отворена порта“. Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги плаќа режиските трошоци за функционирањето на Центарот и во 2020 година- велат во Министерсгвото.
Во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово функционираат 5 мобилни тима за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе, во соработка со Министерството за внатрешни работи и здруженијата на граѓани, поддржани од проектот на ИОМ. Во составот на мобилните тимови има претставници на Центрите за социјална работа, претставници на полицијата и на здруженија на граѓани. Работата на превенција и заштитата од трговија со луѓе е од приоритетно значење, бидејќи навременото откривање на можноста некое лице, особено дете да биде вовлечено во трговија со луѓе е основа за правовремена интервенција со цел да се спречи експлоатацијата и да се обезбеди навремена поддршка.
Валентина Ангеловска
Следно (Јавните куќи во Скопје)