Криси Тиген им понуди финансиска поддршка на демонстрантите во услови на граѓански немири низ градовите во САД, откако претседателот Доналд Трамп во саботата прогласи „МАГА ноќ“ во Белата куќа.
Трамп предупреди дека демонстрантите кои протестираат поради смртта на Афроамериканецот за време на полициското приведување ќе бидат дочекани со најопасното оружје ако ја преминат оградата на Белата куќа. Тој во саботата објави неколку твитови: Вечерва е МАГА-ноќ во Белата куќа, пренесе „Ројтерс“ со објаснување дека МАГА е кратенка од Make Ameriva Great Again (Да ја направиме Америка голема повторно).
34-годишната манекенка, сопруга на музичарот Џон Леџенд, на Твитер напиша: „Во прослава на каква и да е f *** maga вечер, јас сакам да донирам 100.000 долари финансиска помош за луѓето што протестираат ширум земјата.“
И откако еден корисник на Твитер ги нарече демонстрантите криминалци и силеџии, Криси одговори: „Оо, можеби ќе им треба повеќе пари. Нека бидат 200.000 УСД.“
Во меѓувреме, Селена Гомез напиша дека не може да „седи во тишина“ по смртта на Џорџ Флојд.
Ѕвездата на својот Инстаграм го изрази својот гнев за социјалната неправда во време на масовни протести во многу градови во САД како одговор на смртта на Флојд на улиците на Минеаполис.
Селена – пејачка, актерка и дизајнерка – која има 178 милиони следачи на платформата за споделување фотографии, напиша: „Последниве 24 часа ги поминав обидувајќи се да го сфатам сето ова. Што и да кажат, ништо не може да го врати она што се случи“.
Но, можеме и мора да преземеме акција. Премногу долго се губат животи на Афроамериканци, премногу долго. Тие заслужуваат подобро. Тие заслужуваат да бидат сослушани, напиша Селена.