Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Истите извори посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.
Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.