Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од улица „Џон Кенеди” и со намален притисок во улица „Самоилова” во Општина Чаир.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 400м.м. на улица „Џон Кенеди” бр. 2.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.