Цените на нафтата денеска забележаа раст, а северноамериканскатра нафта Брент го надмина нивото од 40 долари за барел првпат од март. Цената на нафтата Брент за испорака во август утрово забележараст од 78 центи или за два отсто и се купуваше за 40,35 долари по барел.
Цената на фјучерсите на американската ВТИ (WTI) нафта забележа раст од 1,06 долари или за 2,9 проценти и се тргуваше за 37,87 долари за барел.
Според неименувани извори Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и другите големи производители, вклучително и Русија (ОПЕК плус) би можела да продолжи во јули и во август со намаленото производство од 9,7 милиони барели дневно, што претставува речиси 10 отсто од светското производство.
Порастото на цената на нафтата се должи на закрепнувањето на економиите од пандемијата со Ковид-19.
Кинескиот услужен сектор првпат од јануари бележи раст. Додека резервите на сирова нафта во САД се изкачија на 483.000 барели минатата недела, додека резерфите на бензини и дестилати забележаа раст.