Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтер беше регистриран претпладнево јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морскиот дел, 75 километри јужно од градот Јерапетра.
За сега нема информации за повредени лица или за предизвикана материјална штета.