Уписот на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 година во сите основни училишта во Општина Аеродром се одвива непречено и според утврдениот протокол за заштита од КОВИД-19.
Пред влезот на секое училиште има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, се врши дезинфекција на просторијата по секој разговор и се почитува физичкото растојание од два метра меѓу присутните. Исто така, се почитува паузата од 20 минути меѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете.
Оваа учебна година се очекува да се запишат околу 800 ученици во осумте основни училишта на територијата на општината.
Уписот трае до 30 јуни.