Судијата Рендолф Д. Мос од Окружниот суд во округот Колумбија предсуди дека Американците повредени или убиени при нападите на Палестинците имаат право на отштета од Иран и од Сирија, бидејќи тие земји обезбедиле „материјална поддршка” на екстремистичката организација Хамас и палестинската група Исламски џихад.
Судот се уште не ја има одредено висината на отштетата.
Сирија, Иран и иранското Министерство за надворешни работи се наведени како обвинети, но не учествуваа во судскиот процес.
Американските судови и претходно и наредуваа на Владата на Иран да исплати стотици милиони долари на семејствата на Американците, кои беа убиени од палестинските екстремисти.но, наплатата не е реализирана бидејќи Иран и САД немаат дипломатски односи.