Според податоците од Федералниот завод за јавно здравје во изминатите 24 часа во БиХ тестирани се 636 лица од кои 8 се позитивни на Ковид 19. Новите случаји се регистирани во зеничко-добојскиот и унско-сански кантон.Во БиХ вкипно се излекувале 944 пациенти, додека моментално активни случаји има 110. Бројот на починати лица изнесува 39.
-Како што можете да види од последните податоци вирусот сеуште е присутен и поради тоа мора да се применуваат мерките за лична заштиа како би се спречило натамошното ширење – им порачаа на граѓаните од Кризниот штаб за справување со пандемијата во БиХ.