Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) тврди дека колективен имунитет на коронавирусот ќе се постигне најрано во есента 2021 година.
Јосеп Јанса, епидемиолог во ЕДЦЦ, во интервјуто за финскиот радиодифузер ЈЛЕ во понеделникот рече дека коронавируст продолжува брзо да се менува и дека агенцијата не сакала да дава цврсти совети за прашања како меѓународно патување. Но, тој рече дека ЕЦДЦ им понудила индикатори на земјите-членки на ЕУ во која фаза на зараза се наоѓаат.
„Луѓето научија што е правилно да прават во однос на хигиената. Овој прв бран опаѓа. Веруваме дека ситуацијата ќе се смири до лето, додаде епидемиологот.
Јанса продолжи да зборува за негативните последици од вирусот, велејќи:
„Ситуацијата има сериозни последици за општеството. Невработеноста, долговите, сиромаштијата се зголемуваат. Тоа е многу тешко за многумина. Многу луѓе изгубиле членови на семејствата. Некои живееле во целосна изолација и тоа влијае на менталното здравје “.
Додека повеќето земји донесоа мерки за заклучување за да се запре ширењето на вирусот, Шведска не го стори тоа што некои го сметаат за обид да се постигне т.н. колективен имунитет.
Во извештајот од минатиот месец се открива дека само 7,3 отсто од жителите на Стокхолм, областа во Шведска која е најпогодена од вирусот, имаат антитела против вирусот, а бројот е намален на само 3,7 отсто на национално ниво.
Јанса рече дека колективниот имунитет, за кој треба барем 60 отсто од јавноста да има антитела, најверојатно нема да се постигне никаде во светот во наредните месеци.
„Колективниот имунитет нема да се постигне сè до есента 2021 година, ниту овде ниту во Стокхолм. Ќе има одреден степен на заштита, но колективниот имунитет бара 60 отсто од луѓето да се заразато со вирусот“, рече тој.