Грција најви отворање на туристичката сезона на 15 јуни. На списокот со земји чии граѓани ќе можат да летуваат на стартот од сезоната во Грција се најдоа 29 држави. Меѓу нив се сите од соседството, но граѓаните од Србија се загрижени од моменталната состојба со пандемијата од коронавирусот во Македонија, што им го комплицира планирањето на патувањето.
Затоа граѓаните од Србија мораат да подготвуваат и план Б кој не им оди во прилог од финасики аспект, временски и квалитетот на патиштата, доколку со автомобил сакаат да се упатат на одмор кон Грција. Ако до м15 јуни не бидат кренати рампите на македонските гранични премини, Србите ќе бидат принудени да користат алтернативни патишта за да стигнат до брегот на Егејското Море.
Деведесет одсто од српските туристи ја користат македонската територија за транзит за да стигнат до Грција. Патувањето целосно им е по автопат и стигнувањето до саканата дестинација им е временски покуса од другите алтернативни решенија, преку Бугарија. По патниот правец низ Македонија од Белград до Солун се стасува три-четири часа побрзо отколку по малтернатините решенија.