Малолетник со мотор прегазил полицајка

Малолетник од Виница со мотор прегазил полицајка, па добил кривична,информираше МВР.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 17-годишник од Виница. Тој е осомничен за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 13.05.2020 година на улицата Тодосија Паунов, пријавениот со мотоцикл удрил полициска службеничка која извршувала службени дејствија, односно дала знак за запирање на мотоциклот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави