Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска на состанок во Државниот завод за ревизија почнала да се однесува дрско и непристојно, а ја соблекла и облеката. Заработи и прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Како што дознава Сител, Јанева на состанокот останала по долна облека, а на состанокот присуствувале повеќе лица. Таа одбила да даде каква била изјава во врска со настанот.
Станувало збор за официјален состанок, каде по наредба од Кривичниот суд била спроведена од нејзиниот дом. Таму требало да ѝ бидат презентирани наоди за работењето во СЈО.