Директорот на ИЈЗ, Арбен Зибери, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма потенцираше дека најголемо жариште на коронавирусот е населбата Чаир.
– Но, и другите општини се под ризик. За споредба, во најголемиот пик во април во Сарај немавме ниту еден заразен, па имавме после еден период од две до три недели каде во Сарај се зголемуваше бројот на новозаразени, но тие беа локализирани во неколку села, во неколку семејства. Во текот на последнава недела гледаме дека во Сарај се стабилизира состојбата. Студеничани е проблем во моментот, исто така и Арачиново, а и во Центар се регистрирани нови случаи, односно во сите скопски општини имаме нови случаи и затоа донесовме одлука дека не можеме да ги изолираме одделно скопските општини – рече Зибери.