Во Вашингтон денеска, шести ден по ред, се одржуваат протести против полициското самоволие и расизам на униформираните лица во САД.
Дел од протестот насловен „Животите на црнците се важни – Не можам да дишам”, го проследи и дописникот на МИА од Вашингтон.
Претходно Пентагон соопшти дека околу 1.600 американски војници се распоредени во околината на Вашингтон и се наоѓаат во состојба на „зголемена готовност”, но според последните информации на Волстрит џурнал ним им е наложено да се вратат во своите домови.