Актерот Бен Афлек и неговата нова девојка, актерката Ана де Армас, учествуваа во мирните протести во Лос Анџелес, кои беа одржани по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Ана гордо се пофали на „Твитер“ со својот ангажман и доби нови симпатии во јавноста.
Како знак на поддршка новата љубовна двојка на плакатите напиша Black Lives Matter. Ова е првпат холивудскиот заводник и неговата нова девојка да се појават заедно на јавен настан.
Досега можеа да се видат како шетаат во близина на куќата на Афлек.
А дека нивната врска е сериозна, потврдија кога беа снимени заедно со децата на Бен од првиот брак. Наводно и Џенифер Гарнер била воодушевена од новата девојка на својот поранешен сопруг.