Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-Ен-Ен.
Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека ПЦР тестот бил направен за време на обдукцијата и дека тој може да покаже позитивен резултат и неколку недели по заблувањето со Ковид-19.
Тој додал дека Флојд веројатно бил асимптоматски случај, па вирусот немал улога во неговата смрт, а веројатно не можел ниту да ја пренесе болеста.
Флојд беше убиен при апсење во Минеаполис минатата недела. По објавувањето на видеото на кое се гледа како полицаец со нога го притиска Флојд на земја сè додека не изгубил воздух, низ САД и Европа почнаа протести.
Независна истрага потврди дека Флојд починал од задушување, а полицискиот службеник Дерек Шовин е обвинет за неговата смрт.