Според објава на Твитер на „Самсунг Мобајл“, корејскиот производител на Андроид телефони ќе лансира нешто ново на 9 јули, со пред-нарачки од 19 јуни до 5 јули.
Она што може да се види од клипот, е дека станува збор за соработка помеѓу „Самсунг“ и јужнокорејскиот машки бенд „Би-Ти-Ес“ (BTS) со кој компанијата официјално се здружи од фебруари за да биде нејзин портпарол-група на производите.
Hardware Zone („Хардвер-зона“), интернет-портал ориентиран кон ИТ со седиште во Сингапур, кој што ја пренесе твитер-објавата на „Самсунг Мобајл, пишува дека знаците ги има на кутијата: Седумте виолетови срца и виолетовото лого на БиТиЕс.
Дури и датумот 9 јули, кога „Самсунг“ планира да ја лансира новата серија смартфони Galaxy S20, е избран со причина: Тоа е датумот кога БиТиЕс го објави името на својот фан клуб уште во 2013 година (A.R.M.Y (아미). Очигледно, „Самсунг“ се надева дека фановие на бендот ќе јурнат во потрага по лимитираното издание смартфони.