Кинеската војска и тенкови пред 31 година ги нападнаа продемократските демонстранти на плоштадот Тиенанмен, во центарот на Пекинг, при што загинаа од околу стотици до неколку илјади луѓе.
Десетици илјади луѓе во Хонгконг секоја година го одбележуваат масакрот на 4 јуни во Тиенанмен, но оваа година настанот е забранет поради пандемијата на коронавирусот.
Полицијата на Хонгконг во локалните медиуми објави дека 3.000 припадници на полициските интервентни сили ќе бидат распоредени за да спречат помали собири.
Автономните региони Хонг Конг и Макао се единствените во земјата што им е дозволено да го одбележат масакрот во Тијананмен, а во останатиот дел на Кина е забрането да се споменува настанот, а Владата многу ретко го споменува.
„Сојузот за Хонг Конг”, организатор на годишниот меморијал, објави план за обележување во домовите. Организаторите ги повикаа жителите во 20 часот по локално време да запалат свеќи, проследено со минута молк, песни и „извикувачки пароли”.
Тие, исто така, придржувајќи се кон мерките за социјално дистанцирање, сакаат да испратат помали групи делегати во паркот Викторија. Според мерките донесени од хонгконшките власти поради Ковид-19 е дозволено собирирање до најмногу осум лица.
Полициски извор изјави дека групите што ќе се соберат за „заедничката цел” ќе бидат отстранети.
Кинескиот Парламент минатата недела гласаше за продолжување на процесот на донесување на Законот за национална безбедност, кој според продемократските активисти и дипломати, може да ја поткопа автономијата на Хонг Конг и нејзиниот статус како финансиски центар на Азија.
Според законот, активностите насочени кон соборување на кинескиот суверенитет над Хонг Конг би биле забранети.