Најостро ги демантирам тенденциозните дезинформации, лаги и конструкции кои одредени лица сокриени позади лажни профили, ги шират за мене. Изминативе денови се соочувам со оркестриран напад врз мене како личност.
Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година.
Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација.
Но, пред се и над се, како човек, никогаш не би дозволила свесно да загрозам нечие здравје и да прекршам јасно пропишани закони.
Згрозена сум од непочитта и злоупотребата на било чија здравствена состојба. Но, иако за пребродување на ситуацијата во којашто се наоѓам е потребна сила и мир, нема да штедам енергија да ги демантирам сите лаги кои планирате да ги пласирате. За секоја една лага, ќе најдам и време и сила да ја разобличам пред граѓаните. Зошто граѓаните ја заслужуваат само вистината!