Арсовски: Нападите врз Мизрахи и Дурловски е матрицата на СДСМ

Нападите кои ги обелодени вчера министерката Рашела Мизрахи е матрицата на СДСМ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Во очај и паника, во време кога знаат дека ќе изгубат кога и да бидат изборите, а гледаме дека во моментов ги интересира единствено опозицијата и да вршат закани, тортури, да малтретираат кандидати за пратеници, тоа е матрицата на СДСМ, а не да се фокусираат на здравјето на граѓаните кога има експлозија на новозаразени. Очигледно во моментов не им е воопшто важно здравјето на граѓаните, поважно им е да ја следат опозицијата, да го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ, да ги следат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ како што случај беше пред неколку дена со носителот Игор Дурловски. Вчера она што го обелодени министерката Рашела Мизрахи дека наназад одреден период трпи сериозни закани кои што се документирани и пријавени вчера во текот на денот во полицијата, што уште еднаш покажува дека тоа се добро познатите удбашки методи на СДСМ, кои што во овој момент во очај поради тоа што се свесни дека ќе изгубат на изборите кога и да бидат, дека се свесни дека рејтингот паѓа на нивната партија, на нивниот лидер Зоран Заев.

Затоа го прават сево ова, следат и се закануваат на носителот Игор Дурловски, министерката Рашела Мизрахи, го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ, го следат претседателот Мицкоски, така да очигледно е како стои ситуацијата и очигледно е кој ќе биде победник на наредните избори, тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и затоа се толку исплашени. Во моментов уште еднаш им апелираме да ја гледаат работата во владата и да се грижат за здравјето на граѓаните. Компасот таму им е изгубен, за ова што го прават на опозицијата ќе одговараат кога ќе дојде време. Во моментов нека го гледаат здравјето на граѓаните, рече Арсовски.

 

Треба да знаете
Последни објави