Парламентот на Хонг Конг денеска го усвои спорниот предлог-закон со кој се забранува навредување на кинеската химна.
Законот е усвоен и покрај обидите на продемократската опозиција да се оневозможи гласањето.
За опозицијата со Законот се нарушува слободата на изразување и правата на жителите на полуавтономната област.
Додека прокинеското мнозинство тврди дека Законот е неопходен за граѓаните на Хонг Конг да покажат поголема почит кон химната на Кина.
Законот предвидува тие што ќе ја користат химната во комерцијални цели или јавно и намерно ја навредуваат, парична казна од 6.450 американски долари или затвор до три години.