Во Словенија, во последните 24 часа, се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката влада.
Исто така, не се регистрирани нови смртни случаи, така што бројот на починати е 109, а бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата е сè уште 1.477.
Само пет лица сè уште се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Љубљана, но ниту еден пациент не е во посериозна состојба или на одделот за интензивна нега.
Според Институтот за јавно здравје, во државата има само девет активни случаи на коронавирус.