Свлечиште во северниот дел на Норвешка зафати осум куќи и ги одвлече во морето, а еден локален жител го снимил уништувањето во драматично видео, пренесува „Спутник“.
Свлечиштето со должина од 800 и височина од 40 метри се случило вчера на западната страна на Кракнесет и го погоди арктичкиот град Алта, оштетувајќи осум куќи и комуникациите, но за среќа помина без човечки повреди.
Just now in Alta, Norway: Huge mudslide dragging several houses into the sea. pic.twitter.com/xR4t5zLI7m
— Jan Fredrik Drabløs (@JanFredrikD) June 3, 2020
Нестабилноста продолжила неколку часа при што едно лице било евакуирано, но нема извештаи за повредени освен едно куче што било одвлечено, но сепак ги преживеало и лизгање на земјиштето и пливањето во студената вода.
„Кучето што беше зафатено од свлечиштето и одвлечено во морето, се спаси, пливаше до брегот и е живо“, рече Торфин Халвари од локалната полиција во Финмарк.
Екипите сè уште работат на проценка на безбедноста и опасноста од нови свлечишта.
https://www.facebook.com/NRKFinnmark/videos/248285672937029/
Локалниот жител Јан Егил Бакеби слушнал тресок во колибата во која ја поминал ноќта со сопругата Грете Педерсен. Тој брзо ја напуштил колибата и оддалеку, од каде што го снимил настанот, видел дека неговата куќа пропаѓа во водата.
„Само што си пресеков две парчиња леб кога слушнав крцкање во во кабината. Отпрвин помислив дека има некој во мансардата, но тогаш од прозорецот видов дека кабелот за напојување чади и сфатив дека има свлечиште“, изјави Бакеби за локалниот весник„ Алтапостен “.
Градот Алта се наоѓа во најсеверниот округ Финмарк во земјата и има 15.000 жители.