Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го оквалификува убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис како „брутално” и го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за тоа што позираше за фоторепортери со Библијата во рака, пренесува „Гардијан”.
Рохани го поддржа американскиот народ, кој протестира на улиците и остро го осуди убиството на Флојд.
– Срамно е што претседателот стои со Библијата додека има намера да дејствува против својот народ, посочи тој.
Гардијан потсетува дека двајцата претседатели отворено ги поддржуваат протестите во другата држава. Претходно оваа година, Трамп преку Твитер ги поддржа демонстрантите во Иран и им испрати директна поддршка на фарси јазик.