Српската министерката за европски интеграции и Национална координаторка за ИПА фондовите Јадранка Јоксимовиќ на состанокот на Специјалната работна група на Владата на Србија, формирана за изготвување на апликација за Фондот за солидарност на ЕУ, го презентираше првиот нацрт на апликацијата, со кој се опиша текот на епидемијата, мерките и активностите што се преземени за да се спречи ширењето на инфекцијата и јавните трошоци за нивно спроведување, соопштенија од владата.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во соопштението се додава дека доколку Европската комисија ја одобри поддршката за Република Србија, со средствата би се покриле дел од вкупните трошоци што ги имала Србија во периодот од четири месеци од преземањето на првите активности за спречување на ширењето на Ковид-19.
-Србија ќе упати апликација до Фондот за солидарност со цел да добие дополнителна неповратна поддршка за покривање на трошоците направени со намера да се спречи ширењето на ковида-19, да се заштитат здравствените работници, да се обезбедат подобри услови за лекување на пациентите и да се пружа помош на ранливите групи, изјави Јоксимовиќ.
Таа додаде дека „можноста за аплицирање за дополнителни средства од овој Фонд е уште еден доказ за солидарноста на ЕУ кон граѓаните на Србија и многу конкретна придобивка од процесот на пристапување во ЕУ”.
Како што се наведува во соопштенеито, Јоксимовиќ утре ќе испрати писмо до комесарот за регионална политика, Елиса Фереира, која е надлежна за управување со Фондот за солидарност, со опис на состојбата и преземените мерки со цел на спречување на ширењето на коронавирусот.
-Со испраќање на писмото, Србија всушност аплицира за средства од овој Фонд наменети за покривање на јавните трошоци, а потоа целосната апликација ќе ја доставиме до 24 јуни, изјави Јоксимовиќ.
Фондотот за солидарност на ЕУ е посебен инструмент за поддршка на ЕУ на земјите членки и земјите во процесот на пристапување, со цел поддржување на напорите на државите во превенција и санација на природни непогоди и закани по јавното здравство. Европската комисија после 24 јуни ќе започне со анализа и проценка на примените апликации и ќе донесе одлука за висината на помошта за секоја земја која доставила апликација.
Србија ќе аплицира за овие фондови под истите услови како и земјите членки на ЕУ, кои исто така најмногу ќе аплицираат за средства од овој фонд.
Србија беше корисник на Фондот за солидарност во текот на 2015 година, за санирање на штетата предизвикана од поплавите, а во таа прилика беа обезбедени 60,2 милиони евра.