Градот Хвар го суспендира воведувањето на 5Г-технологијата сè додека не се докаже дека нема негативно влијание врз луѓето и околината. Градскиот совет на Хвар едногласно донесе одлука за телекомуникациските базни станици и воведувањето на 5Г-технологијата суспендирајќи го воведувањето на 5Г-технологијата на подрачјето на Хвар сè додека независна и непристрасна студија докаже дека технологијата нема негативно влијание врз луѓето и околината.
Врз основа на одлуката Градскиот совет ќе формира работна група, која во наредните шест месеци ќе се обиде да ја испита врската меѓу сите извори на зрачење и карциномот. Одлуката ќе биде доставена до владата и Хрватската регулаторна агенција, која е должна да ја проследи до сите релевантни фактори кои дејствуваат во областа на градот Хвар.