Огромен број на возила го напуштија Скопје попладнево пред да почне полицискиот час.
Од Јавното претпријатие за државни патишта потврдуваат дека околу 20.000 возила денеска излегле од главниот град. Ова е податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините.
На излезот од Скопје кон Куманово кај Миладиновци поминале 7.407 возила, а на излезот кон Велес, на наплатната станица Петровец поминале 4.541 возила.
Од 21 часот на сила е полицискиот час, со цел да се спречи ширење на коронавирусот.