Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите, по што и двајцата се борат за живот. Станува збор за Драги Г., кој е осомничен дека во семејната куќа сериозно ги повредил родителите, 68-годишниот татко и 67-годишната мајка. Ја застрелал мајка си во главата, а татка си го погодил во градите.
Повредените сопружници итно биле пренесени во болницата во Дубровник. Тие биле сместени на одделот за интензивна нега. Мајката има прострелна рана во главата и е во особено сериозна состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот. Нејзиниот сопруг има повреда на ‘рбетниот мозок, а како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, поради сериозноста на повредите, тој би можел да остане неподвижен.
Четири и пол часа по пукањето, 37-годишниот Драги беше пронајден и уапсен. Тој се криел во трошна зграда на речиси 500 метри од семејниот дом. Потрагата по оружјето сè уште трае.
Медиумите известуваат дека никој не знае да шпекулира што ѝ претходело на ваквата семејна трагедија. Таткото и синот, заедно со друг партнер, воделе туристичка агенција, која организирала патувања до Елафити и на други локации околу Дубровник. Во текот на сезоната тие имале работа преку глава. Но, луѓе блиски до семејството за тамошнте медиуми велат дека сè се случило поради лошата состојба во која се нашло семејството, како и другите туристички работници, погодини од мерките воведени поради корнавирусот.
Никој не може да потврди дали тие можеби имале финансиски тешкотии, но медиумите наведуваат дека синот бил избувлив и заедно со татка си веќе биле пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир. Таткото имал и здравствени проблеми со белите дробови. Ден пред овој трагичен настан тој се вратил дома од болница, каде што бил хоспитализиран седум дена.
На осомничениот му бил направен алкотест, но сè уште не се знае дали тој бил под дејство на алкохол. Тој ќе се појави пред истражниот судија в петок наутро.