Околу 160 новозаразени со Ковид 19

Повикувајќи на на свои неофицијални извори, телевизија „Канал 5“ денес јавува дека бројката на новозаразени во Македонија е околу 160, од кои во Скопје се околу 100 случаи.

Нивниот извор од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.

Според информации за Сител од Центарот за јавно здравје само во главниот град изминатото деноноќие се дијагностицирани 88 нови случаи позитивни на КОВИД-19. Најголем број од овие случаи се во скопската општина Чаир каде што според информациите има над 100 активни случаи на КОВИД-19.

Треба да знаете
Последни објави