(Видео) 57 полицајци дадоа отказ по инцидентот во Бафало кога беше турнат старец на земја

Видеото кое кружи на американските медиуми, покажува како неколку полицајци се движат кон 75-годишникот, а двајца од нив го туркаат на земја. Тој паѓа на земјата додека полицајците поминуваат покрај него, а по неколку секунди се гледа како од главата му истекува крв.

Инцидентот се случил за време на протестите на плоштадот Нијагара, што се одржа во чест на Џорџ Флојд. Се работи за Мaртин Гугин, кој е хоспотализиран и е во тешка, но стабилна состојба.

Во единицата за итни случаи отказ дале 57 полицајци, а градоначалникот изјавил дека сега градот е без оваа единица.

Претседателот на здружението на полицајци во Бафало, Џон Еванс, рекол дека полицајците само ја почитувале наредбата да го расчистат плоштадот.

Треба да знаете
Последни објави