оранешниот руски воен разузнавач Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија ќе се преселат од Велика Британија на Нов Зеланд, изјавил извор близок до британската Влада, информира „Сандеј тајмс”.
На таткото и ќерката, кои во март 2018 година беа затруени со новичок во англискиот град Салисбери, им бил даден нов идентитет, што ќе им овозможи да почнат нов живот на Нов Зеланд.
Минатата година британските медиуми пишуваа дека семејството Скрипаљ ќе биде пренесено во една од земјите на заедничката разузнавачка служба „Пет очи” (Five Eyes) – Велика Британија, Австралија, Канада, Нов Зеланд или САД.
Според медиумите, тие засекогаш ќе останат под надзор.
Во март 2018 година, поранешниот руски разузнавач, кој беше осуден во Русија за шпионажа за Велика Британија, а подоцна заменет за руски разузнавач, и неговата ќерка Јулија, беа отруени со нервен гас во Велика Британија.
Велика Британија ја обвини Москва за инцидентот, која ги отфрли обвиненијата.