Девет вработени во градинката ,,Павлина Велјанова“ во Кочани се позитивни на Ковид-19

Скринингот на вработените во Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани откри дека деветмина вработени во оваа јавна општинска установа во Кочани, се позитивни на короноварис.

Ниту еден од нив немал никакви симптоми.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој ја објави оваа вест, повика на дисциплина и почитување на мерките.

,,Ова е уште една опомена за максимална внимателност, да ги спречиме последиците од поголем размер.

Со ова се потврди и неопходноста од скрининг, бидејќи евентуалното отворање на градинките без проверка на здравствената состојба на вработените, ќе значеше катастрофа. Резултатите од скринингот се посебно важни затоа што ја прикажуваат состојбата и ќе помогнат во борбата против Ковид-19.
Затоа, повторно апелирам сите да се однесуваме внимателно и одговорно, да носиме заштитни маски, да одржуваме растојание од 2 метра и хигиена! Да бидеме одговорни! Грижата за личното здравје значи совест кон одржувањето на колективното здравје!“-се вели во неговата објава.

Треба да знаете
Последни објави