Ограбени неколку манастири и цркви

Непознати лица ограбиле манастири и цркви во периодот од 3 до 6 јуни, соопшти МВР.

 

Во период од 03.06 до 06.06.2020, тие влегле внатре и извршиле тешка кражба во манастирот „ Успение Пресвета Богородица “ во атар на с.Суводол, во манастирот „ Св.Тома “ во атар на с.Граиште, и во црквата „ Константин и Елена “ во атар на с.Вардино-Демир Хисар, при што одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Треба да знаете
Последни објави