Уште еден тренер во Серија „А” е заразен со КОВИД-19

Тренерот на Парма, Роберто Д’Аверса потврди дека е заразен со коронавирус.

– Имав благи симптоми, па затоа не направив тест, рече Италијанецот.

Четириесет и четири-годишниот стручњак е трет тренер во Серија „А” кој призна дека е заразен со КОВИД-19. Пред него, тренерите на Фиорентина и Аталанта Бепе Јакини и Џанпјеро Гасперини споделија дека се заразени со опасниот вирус.

Тренерот на тимот од Бергамо дури призна дека болен го водел натпреварот од Лигата на шампионите против Валенсија.

Роберто Д’Аверса не беше тестиран затоа што имал многу благи симптоми.

– Имав треска неколку дена по мечот со СПАЛ. Не беше сериозно и не се тестирав. Не може да се потврди дали имав коронавирус или не. Ова беше потврдено со тест на крвта што ми беше направено пред неколку дена, затоа што беа пронајдени антитела, додаде тренерот на Парма.

Треба да знаете
Последни објави