Векиќ е новиот десен бек во Вардар

Младиот Јосип Векиќ веројатно ќе биде најновото засилување на Вардар, пренесува 24 ракомет.

Тој има 22 години, висок е 210 сантиметри и тежок 100 килограми, а Лино Червар го вметна на списокот пред Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска  по повредите на Мартиновиќ и Шебетиќ, но во последен момент се реши да оди на собирот само со Лука Степанчиќ.

Векиќ играше во Загреб во првата полусезона во Лигата на шампионите и постигна три погодоци, а вториот дел го мина на позајмица во Дубрава.

Треба да знаете
Последни објави