Новото сообраќајно решение со кружен тек меѓу улиците “Втора македонска бригада“ и “Кемал Сејфула“, во близината на поликлиниката Чаир е завршен. Со ова решение ќе се поедностави движењето на граѓаните и ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук објави
фотографии како изгледа новиот кружниот тек во градот кој ги разграничува општините Бутел и Чаир.