Протестите во САД се помирни од минатата недела, демонстрантите бараат реформа на полицијата по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, градот во кој за време на викендот беше донесена одлука дека полицискиот оддел ќе се реформира.
„Имам полицајци во семејството, верувам во полициското присуство. Но, верувам дека мора да има реформи “ рекол еден
Афроамериканец и ветеран, кој марширал во Вашингтон.
До промени на карактерот на протестите за време на викендот најверојатно дојде бидејќи барањата на демонстрантите за реформа на полицијата одекнаа во сите сфери на американското општество.
За потегот, кој до пред две недели беше незамислив, сега мнозинство членови во Градското собрание во Минеаполис се заложија локалната полиција да се реформира и да се осмисли поинаков модел.
Активисти кои со години бараат таков чекор, одлуката ја нарекоа пресвртница.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјави дека вчера бил укинат полицискиот час. Тој исто така најави серија реформи за да се изгради доверба меѓу граѓаните и полицијата.
Меѓу најавените чекори, рекол дека ќе одредена количина пари ќе се пренасочат од полцискиот буџет во буџетот за млади и за социјални услуги во афроамериканската заедница.